Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во Лешок, приведен сопственикот

Запленет имотот на познат бизнисмен во Албанија поради соменение за трговија за дрога

Сопственик на угостителски објект во тетовското село Лешок бил приведен откко полицијата утврдила дека објектот работел по дозволеното работно време.

На 07.03.2021 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Д.С.(30) од тетовски Лешок затоа што неговиот угостителски објект во Лешок работел по дозволеното време и во него биле послужувани гости, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму објаснуваат дека лицето со иницијали Д.С. било задржано за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според последните информации од МВР, објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Колку поскапо треба да платат граѓаните за Мицкоски да преземе мерки?

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти