Утрински Весник
Македонија

Затворени сите гранични премини, се пропуштаат само камиони, дипломатски претставници и лица со посебни дозволи

Индустриските и трговските претпријатија најголеми учесници во стоковната размена
Dik 300x250 mk

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – АМСМ потсетува дека за македонските државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Премините се затворени и за влез на странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од Главниот координативен штаб.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи