Утрински Весник
Македонија

Затворени двете мензи во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола поради труење со храна, се затруле 41 вработени

Двете мензи во во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола се затворени откако кај вкупно 41 лице од четвртокот до денес се појавиле симптоми за труење со храна.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес ја затвори втората менза.

„Земени се мостри од консумираната храна, брисеви од работните површини и брисеви од персоналот“, велат од ДСЗИ за „Макфакс“.

Според последните информации, во текот на денешниот ден вкупно 11 лица пријавиле труење, а најверојатно причина за тоа е консумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Можете да прочитате

Можно е пролонгирање на почетниот датум на казнување со ,,Сејф Сити”

Михаил синот на Деко преживеа пекол, сакаше да се убие, а сега е обвинет – одбраната тврди дека е жртва, не сторител

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд