Утрински Весник
Македонија

Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина

Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина

Затворениците и раководството на затворот „Скопје“ во Шутка, организираа крводарителска акција за настраданите во Украина.

Заинтересираност имало, вели директорот на затворот, Филип Андов. Според него, над 50 затвореници досега дарувале крв во знак на солидарност.

„Над педесет единици крв се дарувани до овој момент, односно над 50 затвореници се приклучија во акцијата. Меѓу нив има и осуденици кои издржуваат затворска казна. Акцијата е на доброволна база. За истата е известена и Украинската амбасада“, вели Андов.

Акцијата е организирана во координација со Црвениот крст на Македонија, а присутен бил и директорот за извршување санкции, Маријан Спасовски како и директорот на Клиниката за трансфузиологија, Седула Усеини.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен