Утрински Весник
Македонија

Затвореник од Идризово телефонски измамил седум лица претставувајќи се како директор

Затвореник од Идризово телефонски измамил седум лица претставувајќи се како директор

Претставувајќи се како директор на различни фирми, затвореник од затворот „Идризово“ измамил седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари.

Според информациите од полицијата, станува збор за 34-годишен скопјанец со иницијали Б.А..

„Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства“, велат од МВР.

Со ваквото дејствие, како што соопшти полицијата, причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.

Можете да прочитате

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт