Утрински Весник
Македонија

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик кој се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски вели дека целото крило во приземјето е изолирано и така ќе остане наредните 14 денови. Меѓу изолираните поради контакт со заболениот осуденик е и Сеад Кочан кој одлежува казна затвор од четири години и осум месеци.

„Затвореникот беше на викенд од 24 до 27 јуни. На 30 јуни имаше покачена температура, поради што веднаш беше изолиран. Му беше направен тест за коронавирус кој беше позитивен. Целото крило е во самоизолација во траење од 14 дена, бидејќи сите затвореници се соба до соба и имале меѓусебен контакт“, вели Мојсовски за „Макфакс“.

Тој додава дека ниту еден затвореник досега не развил симптоми, ниту пак, имало бурни реакции поради тоа што во затворот е евидентиран случај на заразен со вирусот. Мојсовски се надева дека нема да има зголемен број на заболени во затворот, но доколку се случи тоа, алтернативата е да се лекуваат во објектот на затворот кој е во склоп на Клиничкиот центар во Скопје.

„Очекувавме да се случи и ова, иако сме заштитени со протокол, затворениците потпишуваат изјава при излегување, запознаени се со сите работи. На нив им беше забранет викендот, но тие сакаа да одат. Околу 300 луѓе имаа право да искористат викенд. Ако не ги пуштевме, тие ќе реагираа, па ќе реагираше Народниот правобранител, Хелсиншки комитет и така натаму. Тие се запознаени дека треба да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна маска, да одржуваат дистанца, да не се групираат“, додава Мојсовски.

Текстот Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата