Тетово, 31 март 2020 (МИА) – Поради изведувањето на градежни работи за реконструкција и поставување на асфалт на регионалниот пат Р2234 деновиве делницата ќе биде затворена за сообраќај од 9 до 18 часот, известуваат од тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“. Тоа е делницата која ги поврзуваа селата од општина Јегуновце долж клисурата на реката Вардар со скопските села Радуша, Свиларе, Кондово, па се до Сарај.
– Минатата недела е почната реконструкцијата. Од денеска до четврток во зависност од временските прилики треба да се поставува асфалт на дел од патот во должина од четири километри преку целата широчина и нема да има можност за одвивање на сообраќај. Се врши поставување и „пеглање“ на асфалтот, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие.
Од претријатието советуваат граѓаните на тетовско преку Јегуновце и Сиричино да пристапат до автопатот Тетово-Скопје како алтернативен правец за движење. ас/мс/