Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Засилени полициски патроли во близина на Рускиот конзулат во Њујорк

Засилени полициски патроли во близина на Рускиот конзулат во Њујорк
Dik 300x250 mk

Американската полиција ги засили патролите во близина на рускиот Генерален конзулат во Њујорк, откако непознат маж фрлал камења кон зградата на дипломатската мисија, изјави за ТАСС портпаролот на американскиот Стејт департмент.

„Нашите партнери во полицијата во Њујорк ги засилија безбедносните патроли околу локациите на дипломатските капацитети погодени од овој инцидент“, рече портпаролот.

Од рускиот Генерален конзулат во понеделникот изјавија за ТАСС дека од 10 август, непознат маж им се заканувал на руските дипломати и фрлал камења кон нив. Како резултат на инцидентите, зградата на Генералниот конзулат е оштетена.

Според дипломатите, при неговото апсење првиот ден сторителот викал и им се заканувал на Русите во присуство на полиција. Сепак, еден ден подоцна, тој се вратил и повторно фрлал камења кон автомобилите на паркингот на дипломатската мисија.

И покрај тоа што напаѓачот наводно бил приведен претходно, полицијата не му изрекла никаква казна, соопшти дипломатската мисија.

„Со оглед на ова, се поставува прашањето зошто човекот, кој повеќепати му се заканувал на рускиот персонал на Генералниот конзулат, секогаш е пуштан на слобода“, велат дипломатите.

Њујоршката полиција во вторникот изјави за ТАСС дека сторителот е приведен и обвинет за оштетување на имот, што е кривично дело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк