Утрински Весник
Свет

Засилена санитарна контрола на границите на Србија

Засилена санитарна контрола на границите на Србија

Санитарната контрола е зајакната на сите гранични премини на Србија поради враќањето на туристите од летните одмори од земји со зголемен број на заболени од коронавирусот.

Владата воведе мерки за патниците од земјите со неповолна епидемиска состојба, а тоа се Северна Македонија, Бугарија, Романија и Хрватска, објави РТС.

Граѓаните на овие земји кои влегуваат во Србија мора да имаат негативен ПСР-тест не постар од 48 часа од денот на издавањето.

На другите патници им се дадени предупредувања од граничната полиција, во кои се наведени карактеристиките и симптомите на Ковид-19, со истакнати телефонски броеви на Институтот за јавно здравје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Хаос во летот, авионот ги изгуби тркалата: Слетувањето беше драматично

САД бараат од Романија да користи бази за воени операции во Иран

Трамп: Војната ќе заврши кога и да посакам