Утрински Весник
Македонија

Засилена контрола за пропуштање на пешаци на пешачки премин

Засилена контрола за пропуштање на пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата спроведена низ целата територија санкционирани се 73 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Се апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, МВР апелира и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ