Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Засега не се размислува за заострување на мерките во Куманово, смета Филипче

Влада: Од утре во општина Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз
Img 7972

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.

– Нашите анализи, проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени, како контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, се анализираат случаите која била релацијата и местото на живеење. Тоа интензивно на терен го работат епидемиолозите. Така што можно е да се донесат и нови мерки, но не засега, заради тоа што овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одвојувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот, сметаме дека се доволни мерки, рече на денешната прес-конференција министерот Филипче.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните од Куманово, како и сите други граѓани во земјата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и препораки со цел земјата да се справи со ширењето на коронавирусот. Рече дека засега не се размислува за засилување на мерките и оти МВР и инспекторатите се постојано на терен во контрола на спроведувањето на постојните мерки.

-Ова е една ситуација, борба, војна во која сите ние ја носиме одговорноста. Без свест и одговорност на граѓаните како позитивен импут во борбата е тешко да се спроведат сите одлуки и мерки на Владата, порача Филипче. сст/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип–Кочани: Едно лице загина, петмина повредени

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

Приведен турски државјанин на скопскиот аеродром поради незаконски престој во Македонија