Утрински Весник
Македонија

Засега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Tуристичките агенции најавија протест: „Ако државата не ни помогне, ќе мораме да ставиме катанци“

Засега нема одлука за воведување на ПЦР тестови за граѓанитекои транзитираат низ Македонија.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше разгледана информацијата за воведување на тестови при транзит на граѓаните од ризичните земји.

Од Комисијата велат дека ќе продолжат  будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.

Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Од Дрисла до МВР: Пронајдете ги и санкционирајте ги потпалувачите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС