Утрински Весник
Македонија

Засадени над 15 илјади садници на повеќе локации во Скопје

Засадени над 15 илјади садници на повеќе локации во Скопје

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ во есенското раззеленување на Скопје и уредување нови зелени површини, засадија над 15.000 висококвалитени садници на повеќе локации во сите скопски општини. Град Скопје согласно со новите стандарди на квалитет продолжи со подигнување нови дрвореди со квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот.

Со висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, како и декоративни садници, разубавени се градските булевари и улици (8 Септември, Х.Т Карпош, Босна и Херцеговина, АСНОМ, Никола Карев, Илинден, Втора македонска бригада, Февруарски поход, Трета македонска бригада, Гоце Делчев, 11 Октомври, Кружниот тек во Чаир и други).

Значајно е да се нагласи дека нови квалитетни дрвореди се засадени во новите паркови во Мичурин и во Кисела Вода, простори што беа повеќедецениски диви депонии.

Есенското раззеленување периодов се одвива секојдневно низ цело Скопје, со голема разлика во квалитетот на дрвјата во споредба со минатото. Како дел од акцијата се подигнуваат нови дрвореди и се дополнуваат постоечките во градските паркови, се обновува средишното булеварско зеленило, а се уредуваат и нови зелени површини, како и мали зелени плоштади, а некогашните депонии стануваат паркови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија