Утрински Весник
Спорт

„Зарѓаниот“ Федерер елиминиран уште во прво коло во Женева

„Зарѓаниот“ Федерер елиминиран уште во прво коло во Женева

Шварцарецот Роџер Федерер е елиминиран уште во првото коло на тенискиот турнир од Серија 250 во Женева. Првиот носител на турнирот загуби од Шпанецот Пабло Андухар со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4).

Сега Андухар го презема лесниот жреб на Федерер па во второто коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот Стрикер и Унгарецот Фучович.

Дека навивачите зажелеа да ги видат потезите на еден од најдобрите тенисери на сите времиња доволно говори и фактот што околу оградата на теренот во Женева се насобраа голем број гледачи за „илегално“ да го следат мечот.

Федерер речиси две години не играл на земјена подлога, па потребно беше нозете да се „загреат“.

Двајцата тенисери беа израмнети се од деветтиот гем кога шпанскиот тенисер направи бреј и поведе.

Федерер го возврати ударот во вториот сет, па мечот мораше да биде одлучен во трет сет.

Во третиот гем Швајцарецот направи брејк, но Андухар возвртаи во осмиот гем.

Тогаш, Федерер го загуби и следниот сервис-гем, па иако до крајот успеа да спаси 2 ме топки на противникот, третата му го донесе поразот.

> „Зарѓаниот“ Федерер елиминиран уште во прво коло во Женева <

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо