Утрински Весник
Свет

Заразените горили во зоолошката градина во Сан Диего целосно закрепнаа од Ковид-19

Заразените горили во зоолошката градина во Сан Диего целосно закрепнаа од Ковид-19

Осум горили во зоолошката градина во Сан Диего целосно закрепнале откако биле позитивни на Ковид-19 минатиот месец, соопштија од зоолошката градина.

Горилите се заразиле и покрај фактот дека членовите на тимот што се грижел за нив ги следеле сите препорачани мерки на претпазливост, пренесува „Си-ен-ен“.

Сите осум горили биле во изолација по дијагностицирањето, а некои од нив имале лесна кашлица, гушење и секрет од носот. Претставниците на зоолошката градина веруваат дека горилите оздравеле благодарение на добрата ветеринарна нега и соработка со голем број колеги и партнери.

Зоолошката градина во Сан Диего соопшти дека ќе споделува податоци за состојбата на горилите додека биле заразени, надевајќи се дека тоа ќе обезбеди важни информации во научното разбирање на коронавирусот и неговото дејство врз големите мајмуни

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес регистриран во западна Турција – почувствуван во Истанбул и Измир

Прв сериозен снег на Алпите: Хаос и забрана на патиштата!

Летонија со повик до НАТО да ја засили воздушната одбрана на балтичките држави