Утрински Весник
Економија

Заразена Американка го ширела коронавирусот по ресторани во Германија, отворена е истрага

Заразена Американка го ширела коронавирусот по ресторани во Германија, отворена е истрага

По наглото избувнување на зараза со коронавирус во Гармиш-Партенкирхен, Државното обранителство во Минхен започна истрага против жена, која е осомничена дека ги посетувала угостителските објекти во градот и покрај фактот дека била заразена, со што го проширила вирусот.

„Се сомневаме во свесно кршење на правилата за самоизолација“, рече Андреа Мајер, висок државен правобранител во Минхен.

Американката (26), кој живее во Гармиш-Партенкирхен, и покрај јасните симптоми на Ковид-19, посетувала угостителски објекти, инфицирајќи, како што беше соопштено, неколку лица.

Случајот го коментираше и баварскиот премиер Маркус Соедер.

„Оваа непромисленост мора да има последици“, рече Соедер по седницата на баварската влада во понеделникот.

Во Баварија се предвидени казни до 2.000 евра за кршење на правилата за самоизолација. Жената е вработена во хотел за припадници на американската војска. Хотелот бил затворен две недели откако други двајца вработени биле позитивни на коронавирус.

Во Гармиш-Партенкирхен, во текот на минатата недела се пријавени 49 нови случаи на зараза со коронавирус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст