Утрински Весник
Македонија

Започнува реализацијата на проектот МСИП за подобрување на општинските услуги

Започнува реализацијата на проектот МСИП за подобрување на општинските услуги

Делчево, 29 април 2020 (МИА) – Започнуваат градежните работи за реконструкција на улицата „Маршал Тито“ во Делчево. Градежните активности се планирани за почетокот на мај, а за реконструкција како што информираа од Oпштината се предвидени 743 метри од улицата кој е главен сообраќаен крвоток во градот.
– Реконструкцијата на оваа улица ќе го опфати потегот од касарната до Таушанското маало. Во рамките на проектот е предвидена изградба на објекти по должината на улицата, како изградба на потпорни ѕидови, цевкаст пропуст и реконструкција и проширување на плочест пропуст, информираа надлежните.
Реконструкцијата на оваа улица, како што додадоа, се реализира во рамки на проектната единица во Министерство за финансии и проектот МСИП за подобрување на општинските услуги финансиран преку Светска банка, од каде Општина Делчево доби средства за подзаем од 32,2 милиони денари за реализација на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево“.
-Освен реконструкцијата на улица „Маршал Тито“, овој проект подразбира и реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“ во должина од 599 метри, а ќе се изгради комплетно нова улица во населбата СРЦ, односно улицата број 7. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население, додадоа од Општината.
Градежните работи за изградба на овие три улици се очекува да завршат до март 2021 година, а додека траат градежните работи ќе се применува посебен сообраќаен режим. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи