Утрински Весник
Свет

Започна школската година во Романија, ќе се одвива по три сценарија

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Романија денеска почна новата школска година, а околу 2,8 милиони ученици и предучилишни деца ќе следат настава во посебни околности поради пандемијата на коронавирус.

Некои деца ќе ја следат наставата од дома, други по хибриден систем, а трети ќе одат на училиште.

Министерката за образование Моника Анисија најави дека во зависност од епидемиолошката ситуација, 12.423 училишта ќе работат според таканаречено зелено сценарио, 4.915 според жолто, а 263 училишта во согласност со црвеното сценарио, пренесе „Аџерпрес“.

Училиштата ќе изведуваат настава според еден од трите сценарија на основа на епидемиолошките критериуми како што се кумулативниот број на случаи на зараза во последните 14 дена на 1.000 жители во местото каде се наоѓаат.

Зеленото сценарио подразбира одење на училиште на сите предучилишни деца и ученици, со почитување на превентивните мерки.

Жолтото сценарио значи предучилишните деца и основците, како и помладите средношколци да следат настава на училиште секоја втора недела. Црвеното сценарио, кое се применува во населените места каде има помеѓу 3 и 50 заразени на 1.000 жители, подразбира наставата да се следи онлајн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД „не се плашат од чизми на земја“ во Венецуела

Реакции на Париз, ОН, Данска, ЈАР по воената операција на САД во Венецуела

Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела