Утрински Весник
Македонија

Започна чистењето и дезинфицирање на околината над велешко езеро „Младост“

Започна чистењето и дезинфицирање на околината над велешко езеро „Младост“

Велес, 4 мај 2020 (МИА) –  По првомајските празници и годинава се чисти сметот над велешко езеро „Младост“..Денеска се чистеа улиците од населбата над хотелот „Романтик“, а чистењето  ќе продолжи и во наредните денови, информира за МИА, Данка Илиева од Р.Е Комунална хигиена при ЈКП „Дервен“.

Таа информира  дека и во текот на празниците вработено лице на ЈКП Дервен„ редовно ги чистело видиковците и двете патеки.

Илиева  информира дека во наредните денови со цистерна на ЈКП „Дервен’  повторно темелно ќе бидат измиени со вода  и дезинфекционо средство сите патишта и патеки околу рекреативното езро „Младост“. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните новинарски награди

Министерството за односи меѓу заедниците организираше настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Тренчевска до Димитровски: Зошто ги излажавте транспортерите кога проблемот не сте го решиле