Утрински Весник
Свет

Започна средбата меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ

Започна средбата меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ

По состанокот со претставниците на ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, српскиот претседател Александар Вучиќ учествува на состанокот на делегациите од Белград, Приштина и ЕУ.

Делегацијата во Приштина ја предводи премиерот Авдулах Хоти, кој за прв пат е во улога на главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина од албанска страна. Посредници на ЕУ во дијалогот се министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Првата рунда на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина се очекува да заврши околу 8 часот.

Во Брисел, пред оваа средба, порачаа дека „сите отворени прашања“ во односите меѓу двете страни ќе бидат на маса и дека претходно биле договорени на видео конференција на 12 јули.

Ова е прва физичка средба во продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина по 20-месечна пауза, но и прва средба на Вучиќ со Хоти на чело на косовската делегација.

Разговорите меѓу Белград и Приштина во рамките на Бриселскиот дијалог се водат како и досега во зградата на Европската служба за надворешни работи, а на претставниците на медиумите им е забранет пристапот до местото на разговорите, како резултат на мерките за заштита против Ковид-19. По средбата, се очекува обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во име на ЕУ, резултатите од разговорите ќе ги сумира специјалниот претставник Мирослав Лајчак во видео порака.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари