Утрински Весник
Македонија

Започна реконструкцијата на улица „Моша Пијаде” во село Русиново

Започна реконструкцијата на улица „Моша Пијаде” во село Русиново

Берово, 24 април 2020 (МИА) – Во Берово во тек се активности за подобрување на патната мрежа во селските средини. Во моментот, како што информираа надлежните се реконструира улицата „Моша Пијаде“ во село Русиново.

-Општина Берово продолжува со подобрување на патната мрежа, како во градот така и во населените места. Со реконструкцијата на оваа улица, жителите од беровско Русиново, ќе имаат полесен пристап
до центарот на селото и до градот, ќе се намали прашината, а жителите кои живеат на оваа улица, конечно ќе добијат соодветна инфраструктура, информираа надлежните.

За реализација на оваа активност, како што додадоа претходно е распишан јавен повик.

– На истиот како најповолен изведувач беше избрана фирмата Жикол која согласно договореното, треба да ја заврши реконструкцијата во рокот наведен со договорот, додадоа надлежните.

Улицата „Моша Пијаде“ во Русиново се гради со средства од буџетот во висина од 1,4 милиони денари, согласно Програмата за реконструкција на локални патишта и улици. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?