Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Започна реконструкцијата на тротоари на главната улица во Крива Паланка

Започна реконструкцијата на тротоари на главната улица во Крива Паланка
300x250 opst2

Крива Паланка, 13 мај 2020 (МИА) –  Почна реализацијата на проектот за реконструкција на тротоари на главната улица „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка на потегот од клучката со магистралниот пат А2 на влезот во градот, кон централното градско подрачје. Станува збор за проект во вредност од околу десет милиони денари.
-Проектот опфаќа реконструкција на околу  2.8 километри тротоарска  површина од десната страна на улицата “С. Јоаким Осоговски”,  од влезот во Крива Паланка кон централното градско подрачје. Со градежните работи ќе бидат опфатени  активности за отстранување на постојната подлога, поставување нови рабници и поставување бекатон тротоарска површина, информира при увидот на градежните работи градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Изведувач на градежните активности е економскиот оператор „Стоименов“ од Кочани,  а висината на инвестицијата е околу 10 милиони денари.
-Реализацијата на проектот ќе значи зголемување на безбедноста на граѓаните кои живеат или заради работа гравитираат на ова подрачје, а секако и ќе се урбанизира целосно овој потег од главната сообраќајница, потенцира Мицевски.
Финансиските средства за имплементација на проектот се обезбедени преку Бирото за регионален развој на РС Македонија.ид/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места