Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Започна караван во кој ќе се делат пакети за учениците од помалубројните заедници

Започна караван во кој ќе се делат пакети за учениците од помалубројните заедници
300x250 opst2

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска го започна караванот, во кој ќе посети повеќе од 60 основни училишта во месец ноември, од сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, надополнетии со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од Ковид-19. Пакетите се пакувани во Црвениот крст.

Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.

Караванот започна денеска од Основното Училиште „Тефејуз” во Општина Чаир, каде наставата се одвива на турски јазик.

Заменик-директорот Џелал Хоџиќ, заедно со Фрејк Јанмат – преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и Илхан Рахман заменик-министер во Министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците, поделија 400 училишни сетови на учениците од прво до трето одделение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти