Утрински Весник
Македонија

Започна асфалтирањето на улицата Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Започна асфалтирањето на улицата Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар
Dik 300x250 mk

Екипите на Град Скопје деновиве започнаа со асфалтирање на улица Есенинова чиешто пробивање почна минатото лето.

Како што информираат градските власти, со оваа нова траса се добива уште едно сообраќајно поврзување на Кисела Вода, Аеродром и на Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада.

Новоизградената улица Есенинова ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација.

„Улицата е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и на Центар, зашто претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода. Булеварот Трета македонска бригада со должина од 2,5 километри има само 2 поврзувања со Кисела Вода, едното преку булевар Србија со булевар Борис Трајковски, а второто, познатото тесно грло кај ‘Тутунски комбинат’, кое воедно го поврзува Аеродром и со Кисела Вода и со Центар. Со изградбата на Есенинова, ова тесно грло во сообраќајот ќе се растовари, ќе се скрати кружењето околу ‘Тутунски’, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути“, посочуваат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Гаши: Пратениците се согласија за нов Изборен законик

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити, за животна средина не се знае