Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Започнаа градежните активности на втората фаза од регионалниот пат село Гостиражни-село Богомила

Започнаа градежните активности на втората фаза од регионалниот пат село Гостиражни-село Богомила
300x250 opst2

Велес, 8 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка неделава започна со градежните активности на втората и завршна фаза од региналниот патен правец Р 2340 (Р 513) од село  Гостиражни, кон село Богомила во должина од 5,4 км, финансиран од програмата на ЈП за Државни патишта во висина од 40 милиони денари.

Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат” кој согласно градежната динамика оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.

Како  што потенцира градоначалникот Горан Стојановски, со комплетното асфалтирање на регионалниот пат конечно се решава деценискиот проблем на жителите од овие региони за конечно поврзување на општина Чашка и општина Долнени, Прилепско.

Минатата година беше пробиен, се тампонираше и асфалтираше половина од вкупно 10.8 км должина на регионалниот пат.

Големите заложби на Владата во изминатиов период за модернизација на патната инфраструктура насекаде во   државата  и во Општина Чашка во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните и ќе овозможи непречен проток на стоки и услуги, потенцира Стојановски. ад/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс