Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Запленети 230 килограми кокаин во Грција

Запленети 230 килограми кокаин во Грција
300x250 opst2

Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин по операциите во регионот Атика, при што е уапсен 38-годишен маж.
Грчката полиција верува дека пратката била организирана од меѓународна криминална организација специјализирана за пратки со кокаин од Латинска Америка во Европа.

Запленетата количина била наменета за дистрибуција на грчкиот пазар, пренесува грчката агенција АНА. Акцијата за откривање на локацијата на кокаинот била координирана од Одделот за наркотици во солунската полиција, Управата за спроведување на дрога на САД (ДЕА) и грчките пристанишни власти, крајбрежната стража.

Кај уапснеиот маж се пронајднени пиштол, мобилен телефон и пари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите