Утрински Весник
Македонија

Запленета дрога при претрес во Битола

Запленета дрога при претрес во Битола

При извршен претрес во домот на лицето П.Б(31) во помошни простории, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје СВР Битола, пронашле дрога.

При претресот, биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана.

П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од министерството за внатрешни работи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Мајка пријавена дека физички нападнала соученичка на нејзината 13-годишна ќерка

Нацев знаел да се појави и како редар, иако немал лиценца тврди сведокот на рочиштето за „Пулс“