Утрински Весник
Македонија

Запалени две возила на 28-годишен скопјанец, сторителот пукал со пиштол кон таткото на сопственикот

Запалени две возила на 28-годишен скопјанец, сторителот пукал со пиштол кон таткото на сопственикот

Околу четири часот утово во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Христофер Жефаровиќ“ биле опожарени автомобил „фолксваген пајтон“ со скопска регистрација и „фолксваген туарег“ со светиниколска регистрација, и двете сопственост на 28-годишниот И.Ф. од Скопје.

Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало.

Повредени во настанот нема, а увид на местото извршиле службеници од полициската станица во Гази Баба од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фокус: Анестезиолошки техничар од КАРИЛ го убил охриѓанецот со кој претходно имал договор за издршка

СДСМ: Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ! 

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема доверба