Утрински Весник
Свет

Западните земји во ОН: Целта на Белорусија е дестабилизација на соседните земји

Западните земји во ОН: Целта на Белорусија е дестабилизација на соседните земји

Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, САД и Велика Британија го покренаа прашањето за мигрантската криза за време на состанокот зад затворени врати на 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

„ Ја осудуваме оркестрираната инструментализација на човечките суштества чии животи и благосостојба Белорусија ги загрози за политички цели, со цел да се дестабилизираат соседните земји и надворешната граница на Европската унија и да се оттргне вниманието од сопственото растечко кршење на човековите права“, се вели во заедничкото соопштение.

Тие го опишаа пристапот на Белорусија како неприфатлив и го обвинија претседателот Александар Лукашенко дека станува закана за регионалната стабилност, повикувајќи на силен меѓународен одговор за да се повика Белорусија на одговорност, ветувајќи дека ќе разговараат за понатамошни мерки кои можат да се преземат.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија