Утрински Весник
Спорт

Заноло: Мојот идол е Тоти, сакам да станам како него, легенда на Рома

Заноло: Мојот идол е Тоти, сакам да станам како него, легенда на Рома

Рим, 19 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Рома, Николо Заноло изјави дека сака да остане верен на својот клуб во текот на целата кариера.

– Мојот идол е Франческо Тоти, симбол на Рим. Тешко е за играчите како Тоти или Даниеле де Роси да кореспондираат, но јас би сакал да станам легенда на Рома, дури и ако никој не може да го замисли тоа сега. Мојата главна задача е да се опоравам од повредата, да се вратам на теренот и да ги израдувам навивачите. Ајде да видиме што ќе се случува во иднина, но сакам да останам во Рома што е можно подолго. Овој тим ми даде сè, го обожавам, изјави Заноло.

Во сезоната 2019/20, 20-годишниот Италијанец постигна шест гола и забележа две асистенции на 24 натпревари за Рома. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра