Утрински Весник
Свет

Заменик премиерот на Полска поднесе оставка

Лидерот на полската владејачка партија Право и правда, заменик-премиерот на Полска – Јарослав Качински поднесе оставка од функцијата, пренесува „Ројтерс“.

Качински од поодамна сигнализираше дека сака да поднесе оставка во Владата за да може да се посвети на подготовка на партијата за парламентарните избори следната година.

„Јас во овој момент веќе не сум во Владата. Веќе поднесов оставка до премиерот и истата е одобрена. Колку што знам, и претседателот ја потпиша“ соопштил Качински.

Можете да прочитате

Руската воздушна одбрана соборила 170 украински дронови изминатата ноќ

Британија и Јужна Кореја размислуваат да испратат воени бордови во Ормутскиот теснец

Трамп: Зеленски е последната личност од која ни треба помош