Утрински Весник
Македонија

Заклучоци од 17. седница на Владата на Република Северна Македонија

Заклучоци од 17. седница на Владата на Република Северна Македонија

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 12 март 2020 година, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус), заклучи:

– Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат и истите да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно своите законски утврдени надлежности.

Воедно се задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врка со спречувањето на ширењето на коронавирусот СOVID-19.

Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, д-р Драги Рашковски.

___________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер