Скопје, 14 март 2020
На ден 13.03.2020, во просториите на Центарот за управување со кризи, Главниот штаб одржа состанок во врска со постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на коронавирусот.
На состанокот, освен членовите на Главниот штаб присуствуваа и претставниците од Министерството за труд и социјална политика, Дејан Ивковски и претставникот на МЖ Транспорт Саша Јовановски. Исто така на состанокот присуствуваа Директорот на ДСЗ и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, ја отвори и водеше седницата. Потоа ги презентираше планираните точки на дневниот ред кои беа усвоени без забелешки по следното:
На седницата беа донесен следните заклучоци:
1. Се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, аптеки, болници. Банките, комуналните служби и пошта да работат по скратено работно време.
2. Се забранува излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на ИМП и потврда од овластено лице од МЗ, а лицата од Дебар и Центар Жупа затекнати надвор од кризното подрачје можат да се вратат во своите домови.
Одделение за односи со јавност при Центар за управување со кризи
____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки