Утрински Весник
Свет

Заканата со бомба била испратена откако белоруските власти го принудиле авионот да слета

Заканата со бомба била испратена откако белоруските власти го принудиле авионот да слета
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заканата за бомба, цитирана од белоруските власти како причина за присилното слетување на авионот на „Рајанер“ со белорускиот дисидент, е испратена по наредбата за спуштање, објави во четвртокот телекомуникациската компанија „Протон технолоџис АГ“.

Белоруските власти во неделата соопштија дека наредиле авион што летал од Грција кон Литванија, кој во тоа време бил во нејзиниот воздушен простор, да слета во Минск поради закана за бомба од исламистичката група Хамас.

Кога авионот слетал, биле уапсени неговите патници, Роман Проташевич и неговата партнерка Софија Сапега.

Хамас негираше дека има никаква врска со заканата со бомба, а европските лидери ја обвинија Белорусија за киднапирање спонзорирано од државата.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко тврди дека белоруските власти добиле предупредувачка порака од Швајцарија за бомба на летот на „Рајанер“ и затоа наредиле да слета.

Швајцарскиот провајдер на интернет-услуги „Протон технолоџис АГ“ објави дека не видел веродостоен доказ дека белоруските власти навистина ја добиле пораката пред да ја издадат наредбата.

Истражувачката група „Досиер центар“ со седиште во Лондон во средата објави имејл со наводна закана од Хамас. Пораката е испратена 24 минути откако белоруските власти го предупредија авионот за заканата со бомба, пренесува „Ројтерс“.

Европските земји остро реагираа на белорускиот акт, повикувајќи ги нивните авиокомпании да не прелетуваат и да влегуваат во Белорусија, а белоруската компанија „Белавија“ мораше да ги откаже своите летови кон голем број европски земји.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична