Утрински Весник
Македонија

Заев: 5 јули е денот на изборите

Заев: Избори мора да има час поскоро, гласање ќе се одржи согласно безбедносните протоколи

 

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Петти јули е денот на изборите, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кого, до тогаш партиите имаат 35 дена да се подготват.

Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонрфедната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја донесе поради спроведување на економските мерки, додаде Заев.

Тој потврди дека постоела комуникација помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но оти не бил постигнат договор.

Заев посочи дека иако силината на коронавирусот е ослабната, имаме високи бројки на асимптоматски случаи на Ковид-19, што, според него, укажува дека мерките за заштита не биле почитувале.

По изборите, додаде лидерот на СДСМ, Владата мора да се посвети на економијата.

Заев посочи дека во врвот на СДСМ до денеска се потврдени двајца позитивни на Ковид-19, а утринава е тестиран и премиерот Оливер Спасовски. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада

(Видео) Хуманитарен концерт на Ансамблот Вања Лазарова

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет