Утрински Весник
Македонија

Заев: 15 јули договорен датум за избори

Заев: Низ сплотеност и хармонија, одговорно и совесно, да продолжиме уште пофокусирано кон достоинствено општество на среќни луѓе

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозоциската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.

– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За не страда народот,  го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.

На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.

Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба амо за изборите.

-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.

Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ. ев/ац/

Прес на претседателот на СДСМ Зоран Заев

Posted by MИА.mk on Понеделник, 15 јуни 2020

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk