Утрински Весник
Македонија

Заев ја прифати оставката на Рашковски

Zaev raskoski
Dik 300x250 mk

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес конференција, по новинарско прашање, посочи дека премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски, Секретар за следење и поддршка на институциите во спроведувањето на програмите за работа на Владата.

-Драги Рашковски достави писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата, тоа е негова лична одлука и има право на тоа, истакна Арсовски.

Според него, во моментот Владата сѐ уште нема назначено друго лице на неговата позиција.

Тој се осврна и кон тоа дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура и во целосна согласност со законот за јавни набавки.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре