Утрински Весник
Македонија

Заев-Ципрас: Придобивките од Договорот од Преспа препознаени и од оние кои имаа сомнежи

Заев-Ципрас: Придобивките од Договорот од Преспа препознаени и од оние кои имаа сомнежи

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за европски и за економски прашања Никола Димитров и Фатмир Битиќи остварија средба со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на политичката партија Сириза, Алексис Ципрас во Атина.

Заев и Ципрас изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како на пример за решавање спорови меѓу други држави.

Денес придобивките од Договорот ги препознаваат и политичките чинители кои од различни причини пред три години имаа сомнежи и неверувања, беше нагласено на средбата.

Лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција, Ципрас ја потенцираше силната поддршка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и порача дека ќе го вложи целиот сопствен капацитет и капацитетот на неговата партија да ја поддржи Северна Македонија во остварувањето на оваа стратешка цел.

ЕУ треба да испорача кон земјите како Северна Македонија кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат и со тоа да се оневозможат нови политички засилувања на националистичките и деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа, заклучија Заев и Ципрас, информираат владините служби.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема