Утрински Весник
Македонија

Заев: Убеден сум дека ќе најдеме решение за Гоце Делчев

Заев: Убеден сум дека ќе најдеме решение за Гоце Делчев

Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение за Гоце Делчев, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата.

„Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје кое е пред нас “, рече Заев.

Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува некаде околу крајот на годината.

„Напоменувам актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.

„Мојот пријател премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонски јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени, затоа што низ пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми“, рече Заев.

Во меѓувреме, Македонија и Бугарија се организатори, односно домаќини на Берлинскиот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!