Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Заев-Силвестри: Македонија ги заврши домашните обврски, на ред е ЕУ да вреднува

Заев-Силвестри: Македонија ги заврши домашните обврски, на ред е ЕУ да вреднува
300x250 opst2

Претседателот на Владата Зоран Заев, се сретна со Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во земјава.

На состанокот е изразена силна поддршка од Република Италија за европерспективите на нашата држава. Констатирано е дека Република Северна Македонија ги заврши своите домашни обврски и дека сега е на ред Европската Унија да ги вреднува постигнувањата на земјава.

„ Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед, Република Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ освен за тоа кои сме“, рече премиерот Заев.

На состанокот заеднички е изразена надеж дека со креативен пристап е можно одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ за време на португалското претседателство. Како важна се толкува пораката што на овој начин ќе ја прати ЕУ до земјите од Западен Балкан, дека останува фокусирана на проширувањето.

На средбата е заеднички оценето дека функционален Парламент е од полза за граѓаните и за напредокот на државата, поради што е потребна конструктивност од сите политички субјекти.

Премиерот Заев изрази благодарност до Република Италија и до ЕУ за солидарноста околу вакцините. Заеднички е констатирано дека солидарноста е еден од клучните начини за справување со последиците од пандемијата, што е во полза на сите.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму