Утрински Весник
Македонија

Заев се сретна со Кастриот Реџепи

Заев се сретна со Кастриот Реџепи

Премиерот Зоран Заев денеска во просториите на Владата разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од партијата БЕСА откако не се појави во Собранието каде требаше да гласа за недоверба на Владата.

„Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја. Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот“, информираа од Владата по средбата.

Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.

На средбата беа изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.

Во тек се преговори за зголемување на владејачкото мнозинство. Бујар Османи од ДУИ денеска рече дека новото стабилно мнозинство во Парламентот ќе биде објавено наредната недела. За утре, најавена е средба на Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Можете да прочитате

Амбасадорот на Турција во честитачка посета кај градоначалникот Лимани – сигнал за зајакнување на соработката со Гостивар

ССМ во среда излегува на протест за поголеми плати

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)”, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија