Утрински Весник
Македонија

Заев: Секое одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и демократијата

Заев: Низ сплотеност и хармонија, одговорно и совесно, да продолжиме уште пофокусирано кон достоинствено општество на среќни луѓе

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за мкд.мк.

Заев меѓу другото подвлекува дека не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред се “.

– Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни  бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочува лидерот на СДСМ Заев.

Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

– Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжууаат и изборните активности, истакнува во интервјуто Заев. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата