Утрински Весник
Македонија

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ и ДУИ заедно да настапат на претстојните локални избори.

„Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба“, порача Заев на „Фејсбук“.

Тој посочи дека меѓусебната поддршка во некои општини двете партии ќе си дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг.

„Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори“, нагласи Заев.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово