Утрински Весник
Македонија

Заев: СДСМ е силно посветена на крупни проекти, инвестициите во инфраструктурата ја движат економијата напред

Заев: СДСМ е силно посветена на крупни проекти, инвестициите во инфраструктурата ја движат економијата напред

Крива Паланка, 21 јуни 2020 (МИА) – Огромно е задоволство да се види како и во вонредни услови, со почитување на сите мерки за заштита, забрзано се градат патиштата. Кризата со Ковид-19 не ги попречи капиталните инвестиции во државата, напротив, имаме забрзано темпо на изградба. Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со потпретседателот на партијата и носител на листата во Изборната единица 3, Љупчо Николовски, извршија увид во завршните активности за реконструкција на патниот правец Ранковце – Крива Паланка.
Заев посочи дека целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе имаат целосно обновена и модерна патна мрежа кон Република Бугарија.
– Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји, и врз унапредување на економските и трговските релации помеѓу компаниите. Инвестициите во инфраструктурата ја движат економијата напред, отвораат нови работни места и го подобруваат стандардот. Социјалдемократскиот сојуз е силно посветен на изградбата на крупни проекти, кои ќе донесат долгорочни бенефити за сегашните и за идните генерации, порача Заев.
На средбата присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во чијашто надлежност е реконструкцијата на овој патен правец, како и градоначалниците на општините Крива Паланка и Ранковце. ид/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното