Утрински Весник
Македонија

Заев: СДСМ бара одложување на изборите

Zaev
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа. Овој предлог рече Заев, ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност.

Лидерот на СДСМ рече дека очекува претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба. За тоа кој би бил новиот термин, рече треба да постигнат договор политичките партии, но, како што рече, тоа би требало да се случи кога ќе биде безбедно за граѓаните. сст/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената