Утрински Весник
Политички Партии

Заев: Ромите се целосно рамноправни со сите останатите граѓани во државата

Заев: Низ сплотеност и хармонија, одговорно и совесно, да продолжиме уште пофокусирано кон достоинствено општество на среќни луѓе

 

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април- Меѓународниот ден на Ромите.

– Во овие тешки околности за нашата држава, но и за целиот свет, во мое лично име и од име на СДСМ, на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Нашата држава е градена и продолжува да функционира на темелите на еднаквоста, заедништвото и меѓусебното почитување. Ромите отсекогаш биле составен дел од тој концепт и тоа така ќе продолжи. Преку вистинските, исправните политики што ги преземаме денес во Република Северна Македонија, Ромите се целосно рамноправни со сите наши граѓани, ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура и традиција и активно учествуваат во креирањето успешни политики, преку нивните претсавници во централната, извршната но и локалната власт, пишува Заев во честитката.

Посочува дека СДСМ останува доследна на концептот „едно општество за сите“ и оти само со заедничка работа може да се зачуваат и надградуваат различностите.

Согласно ситуацијата со коорнавирусот, апелира празнувањето на денешниот ден да биде во согласност со мерките и задолженијата што се на сила. – Борбата против коронавирусот е заедничка одговорност на сите нас и бара заедничко делување за заштита на најскапото-здравјето на секој наш граѓанин, вели Заев. бак/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт