Утрински Весник
Македонија

Заев пристигна во Тирана, попладне ќе одржи средба со Меркел

Заев пристигна во Тирана, попладне ќе одржи средба со Меркел

Владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета во Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел, информираат од владината-прес служба.

Од таму додаваат дека канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.

Во попладневните часови премиерот Зоран Заев се очекува да одржи и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата Отворен Балкан чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.

Можете да прочитате

Група граѓани поднесоа обемна претставка до Уставниот суд и кривична пријава против МВР за „Safe City“ системот

Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка во Муртино да напише изјава како што тој сакал

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски