Утрински Весник
Македонија

Заев пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ: Во дијалогот со Бугарија имаме црвени линии за кои не се преговара

Заев пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ: Во дијалогот со Бугарија имаме црвени линии за кои не се преговара

Во просториите на Владата вчера се одржал редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев ги информирал амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во ЕУ.

Како што информираат од владината прес-служба, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, Заев детално го образложил континуитетот на реформските процеси, додавајќи дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива и дека е важно да се продолжи дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување.

„Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, нагласил Заев.

За време на дебатата, премиерот ја поздравил изразената поддршка за проширувањето од страна на амбасадорката на Португалија, Вирџинија Пина, додавајќи дека е многу важен ставот на португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Северна Македонија се меѓу приоритетите.

Премиерот воедно изразил благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против Ковид-19, и изрази очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!