Утрински Весник
Македонија

Заев: Потребно е продолжување на вонредната состојба за ефикасното да се справиме со кризата

Заев: Потребно е продолжување на вонредната состојба за ефикасното да се справиме со кризата

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – За да продолжи ефикасното справување со кризата, потребна е одлука за вонредна состојба. Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега, објави денеска на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици, додава Заев во објавата.

Тој нагласува дека не треба да заборавиме дека „ова е борба за највредното, човечкиот живот“ и дека справувањето со коронавирусот бара сериозна посветеност од институциите, но и од нас како поединци.

– Да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките и задолженијата од надлежните институции и на тој начин секој од нас да придонесе за побрзо надминување на заканата што ја носи коронавирусот, наведува Заев во објавата на Фејсбук. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заради политички мотиви на Владата 40 деца не можат да се сместат во новиот дел од градинката, вели градоначалникот на Росоман

Одреден куќен притвор за Нино Васев

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б