Утрински Весник
Македонија

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис, за кој изрази уверување дека ќе биде точен и успешен и на ниеден начин нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства.

„Во април го одложивме пописот во последен момент на барање на опозицијата која тоа го постави како услов за да го поддржи пописот. Пописот ќе се одржи во септември. Ние сме една од ретките земји која немала попис повеќе од 20 години. Правата на нашите граѓани нема да зависат од пописот, затоа што постои уставна гаранција која се однесува на нашите малцинства и нивните права. Сите имаат еднакви права и еднакви обврски, на што сме исклучително горди. Проектот „Едно општество“ е мошне успешен проект кој може да биде навистина добар пример што доаѓа од Северна Македонија“, рече Заев.

Тој истакна дека правата на нашите граѓани од албанска етничка припадност се загарантирани со Уставот, како што се загарантирани правата на Македонците или на помалите етнички групи.

„Правата на нашите граѓани не зависат од бројките, бидејќи правата се загарантирани со Уставот. Охридскиот рамковен договор беше нешто што го реши проблемот помеѓу граѓаните од различна етничка и религиска припадност. Деновиве бележиме дваесетгодишнина од склучувањето на овој договор и сега сите политички партии се борат за граѓански права, а не за права на етнички заедници“, истакна премиерот.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон